Утрински Весник
Магазин

„Мајкрософт“ за своите вработени дозволи постојана работа од дома

„Мајкрософт“ за своите вработени дозволи постојана работа од дома

Компанијата „Мајкрософт“ одлучи да им дозволи на своите работници трајно да работат од дома, но оние кои ќе се одлучат да го сторат тоа ќе мора да се откажат од работниот простор во просториите на американскиот гигант, пренесе денес информативниот сајт специјализиран за технологија The Verge.

Во ситуација кога огромното мнозинство на работници во „Мајкрософт“ работат од дома поради пандемијата на Ковид-19, производителот на софтвер интерно претстави насоки за „хибридно работно место“ за да овозможи поголема флексибилност кога ќе се отворат канцелариите во САД, објаснува The Verge.

До 30 јуни во интернет гигантот биле вработени 163.000 лица, од кои 96.000 во САД.

„Мајкрософт ќе им овозможи на вработените да работат од дома помалку од 50 проценти од работната недела, а менаџерите ќе може трајно да работат од далечина”, пишува The Verge.

„Мајкрософт“ го прифати тој систем на работа започнат во технолошкиот сектор, како и „Фејсбук“ кој одобри постојана работа од дома.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Нострадамус ја предвидел вештачката интелигенција? Пророштво старо 500 години повторно ја вознемири јавноста

Штипската џиновска пастрамајлија ќе биде долга над два метри

Детали за турнејата на Оејзис во 2027