Утрински Весник
Свет

(Видео) Вучиќ: Ќе има некоја нова корона, но здравствениот систем е подготвен

Вучиќ: Добивме официјална агенда за состанокот со Приштина во Вашингтон

За време на неговата посета на Клиничкиот центар на Србија, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, рече дека ќе има „некоја нова корона“, но дека српскиот здравствен систем е подготвен.
Тој зборуваше за изградба на ковид болници.

„Ужасно сме среќни што размислувавме за тоа на време, и во време кога пандемијата не беше толку силна во Србија. Ќе има нова корона, а зајакнувањето на здравствените капацитети ја зајакнува целокупната моќ на државата”, вели тој.

Како што наведува Вучиќ, ковидот расте – бројките се зголемуваат и во Европа и во Србија.

„Ќе имаме нови инфекции, ќе има нови вируси, но ќе имаме огромни капацитети“, додаде тој.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Фон дер Лајен предложи Канада да стане прва придружна членка на ЕУ

Белорусија започна воени вежби во близина на Полска и Литванија

Саудиска Арабија ги прекинува испораките на нафта кон Европа