Утрински Весник
Свет

Нови мерки во Париз: Кафулињата и баровите затворени

Нови мерки во Париз: Кафулињата и баровите затворени

Баровите и кафулињата во Париз се затворени на две недели во согласност со новите мерки против забрзаното ширење на коронавирусот, но на рестораните им е дозволено да продолжат да работат.

Со зголемената стапка на ширење на вирусот и зголемувањето на бројот на хоспитализирани пациенти неколку месеци по укинувањето на општата блокада на јавниот и економскиот живот, стапија на сила новите правила за физичко дистанцирање.

Баровите и кафулињата привлекуваа голем број луѓе кои честопати не ги почитуваа регулативите за физичко растојание и носење маски. Француските медиуми проценуваат дека оваа мерка на затворање не е изненадувачка.

Училниците и амфитеатрите во градските универзитети ќе бидат ограничени на 50 проценти од капацитетот, објави АФП.

Министерот за здравство Оливие Веран минатата недела објави дека само подобрувањето на епидемиолошката состојба може да го спречи затворањето на барови и кафулиња во Париз.

Во саботата, 4 октомври, во Франција беа регистрирани близу 17 000 нови инфекции.

Официјални лица велат дека во градот има 203 активни кластери на епидемија.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Страшна несреќа на Еверест: Два хеликоптера се судрија во воздух, има загинат и повредени

Русите бомбардираа училиште во Украина, најмалку 31 загинат

Немири во близина на Киев, нападнати полицајци и војници поради насилна мобилизација