Утрински Весник
Македонија

Дождливо и ветровито со температура до 30 степени

Променливо облачно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен, во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 22 до 30 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен пороен дожд и грмежи, особено во првата половина од денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 25 степени.

В среда и в четврток ќе има повремени врнежи од дожд. Температурите ќе бидат во опаѓање, особено вож четврток кога ќе дува повремено силен северозападен ветер. Потоа времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Тошковски за МРТ: Намален бројот на убиства, обиди за убиства, разбојништва и тешки кражби во споредба со минатата година

СДСМ: Пак манипуација од Мицкоски – проневера од 5,5 милиони евра мора Обвинителство да постапи, а не ДКСК само за едно лице

САД пренасочуваат воена помош од Македонија кон Латинска Америка