Утрински Весник
Свет

Во Србија годинава уапсени 1.200 дилери и запленети 5,8 тони дрога

Во Србија годинава уапсени 1.200 дилери и запленети 5,8 тони дрога

Српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ, изјави денеска дека од почетокот на годинава се запленети над 5,8 тони наркотици. Како што истакна тој, повеќе од 1.200 дилери биле уапсени во соработка со надлежните обвинителства.

Министерот ги пофали припадниците на криминалистичката полиција, кои за време на викендот заплениле над 170 килограми наркотици во две одделни акции во земјата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Фон дер Лајен предложи Канада да стане прва придружна членка на ЕУ

Белорусија започна воени вежби во близина на Полска и Литванија

Саудиска Арабија ги прекинува испораките на нафта кон Европа