Утрински Весник
Култура

Цртан филм ќе се прикажува утре на Школка во Градскиот парк

Цртан филм ќе се прикажува утре на Школка во Градскиот парк

Утре со почеток од 18:30 ќе се одржи бесплатна проекција на анимиран филм за деца во Градски парк (Школка)

Во соработка со MFC MK, прикажан ќе виде анимираниот филм „Тајниот агент Мјау“.

Во оваа авантура главна улога има размазената мачка Марни која живее како принцеза, а нејзината сопственичка Розалинда ја размазува како дете. По наредба на злобниот брат на Розалинда, Марни е оставена во непознат свет, каде запознава нови другари и тука започнува нејзиното патешествие да се врати дома. Филмот е базиран на приказна од браќата Грим.

Настанот ќе се одвива според здравствени протоколи, во организација на скопската Зоолошка градина.

Влезот е бесплатен, а пред Школка ќе бидат поставени столчиња од каде што безбедно ќе може да се следи филмот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“