Утрински Весник
Свет

Тела на деца и неколку повредени пронадјени во Париз, осомничен е член на семејството

Тела на деца и неколку повредени пронадјени во Париз, осомничен е член на семејството

Пет тела, вклучително и тела на четири деца, биле пронајдени во предградие на Париз, пренесува агенцијата АФП, повикувајќи се на обвинителството.

Наводно биле повредени уште пет лица, од кои едно потешко, а меѓу нив е и лицето кое се сомничи за жртвите.

Мотивот за нападот засега е непознат.

Телевизиската станица БФМ објави дека крвав млад човек влегол во кафуле и побарал помош.

Тој рекол дека роднина ги нападнал членовите на семејството со нож и чекан.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Иранците запалија џиновски транспарент со Трамп, Венс, Нетанјаху и Виткоф

Зеленски се надева дека победата на демократите во САД ќе ѝ помогне на Украина

Што ги поврзува поразите на Орбан, Вучиќ и Трамп?