Утрински Весник
Македонија

(Видео) Во Охрид казнети 60 возачи за еден час

(Видео) Во Охрид казнети 60 возачи за еден час

За еден час во денешната акциска контрола во Охрид биле изречени 60 санкции, пред се’ за пречекорена брзина, за нерегистрирани возила и возење без возачка дозвола, истакна  портпаролот на МВР Тони Ангеловски во Охрид.

„Се санкционираат сите сообраќајни прекршоци, а особено оние кои што се најчеста причина за сообраќајни незгоди со тешки последици, како што се управувањето на возило под дејство на алкохол, возење со брзина над дозволената, а се санкционираат и возачите на мотори кои не ги почитуваат правилата“, рече Ангеловски.

Портпаролот на МВР апелираше до граѓаните на Охрид да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот. Тој потенцира дека акциските контроли продолжуваат и во наредните денови, а целосните податоци од денешната засилена акциска контрола во Охрид ќе бидат презентирани утре.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Во Вашингтон денеска Стратешки дијалог Македонија – САД

Јавна расправа за „Нацрт-Национална стратегија за превенција и заштита од родово-базирано насилство врз жени и семејно насилство 2026-2033“

Сончево и топло до 26 степени