Утрински Весник
Македонија

Две лица загинаа во сообраќајна несреќа

Две лица загинаа во сообраќајна несреќа
Dik 300x250 mk

Синоќа на магистралниот пат А3, на делницата од Штип до Виничка крстосница, се случила сообраќајна незгода во која животот го загубија две лица.

Според информациите од полицијата, во несреќата учествувале возило „мерцедес Е270“ со винички регистарски ознаки управувано од В.И.(49) од селото Истибања, виничко и патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со бугарски национални ознаки управувано од Г.И.(48) од Штип, во кое како сопатник се превезувал Б.З.(39) од Г.Подлог, кочанско.

„Во незгодата починале возачот на патничко моторно возило „мерцедес Е270“, В.И. и сопатникот во патничко моторно возило „фолксваген пасат“ Б.З., додека возачот на патничко моторно возило„фолксваген пасат“ Г.И. бил пренесен во Клиничка болница Штип каде му биле констатирани повреди“, велат од МВР.

Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа од Полициска станица Виница.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ЗНАМ со порака до ВРЕДИ: Чесно ве поддржавме, а вие не изигравте

Владата го достави предлог буџетот за 2026 година тежок 6,75 милијарди евра

Сиљановска-Давкова: Изборите беа сосема во ред, да се размисли за ограничување на градоначалничкиот мандат