Утрински Весник
Спорт

Венгер: Јунајтед ми нудеа работа…го одбив Гвардиола

Венгер: Јунајтед ми нудеа работа…го одбив Гвардиола
Dik 300x250 mk

Легендарниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер, секогаш е интересен соговорник особено кога станува збор за приказни и анегдоти поврзани со англискиот фудбал. Интересни детали од својата долгогодишна кариера во Англија тој открил во интервјуто за „Тајмс“.

Венгер открил дека имал понуда да биде тренер на Манчестер Јунајтед, но не кажал во кој период ја добил понудата, односно дали тоа било во ерата на Алекс Фергусон или по неговото заминување.

„Водевме навистина големи битки. Сер Алекс Фергусон е интелигентен човек. Не можете да имате таква кариера ако сте глупави. Да, Манчетер Јунајтед ми нудеа работа. нема да во кажам во кој период“, рекол Венгер.

Венгер открил и интересна приказна поврзана со сегашниот тренер на Манчестер сити Пеп Гвардиола.

„Додека беше играч ми дојде дома, ме праша дали може да игра за Арсенал. Морав да го одбијам, во тој момент ги имав Патрик Виера и Жилберто Силва“.

Арсена Венгер го предводеше Арсенал од 1996 до 2018 година. Со тимот три пати ја освоил Премиер лигата, а легендарна е сезоната 2003/2004 кога Арсенал без пораз го освоија шампионатот.

> Венгер: Јунајтед ми нудеа работа…го одбив Гвардиола <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Лос Анџелес Доџерс ја одбранија титулата

Салах го постигна 250. гол за Ливерпул и им се придружи на Раш и Хант

УЕФА пред тужба за повреда на авторски права на новиот концепт на Лигата на шампиони