Утре со почеток во 19:00 часот, во Центарот за култура во Општина Ѓорче Петров, ќе се одржи завршниот дел од третата по ред Меѓународна поетско-културна манифестација „Анте Поповски-Антево перо“.
По реализацијата на Конкурсот за необјавена збирка поезија на македонски јазик, на кој за македонски услови се пријавија рекордни 96 наслови од исто толку творци, Манифестацијата ќе биде заокружена со врачување на овогодишните награди на добитниците чии што имиња неодамна ги соопшти Жири-комисијата.