Утрински Весник
Свет

Ердоган со порака до големите сили

Ердоган со порака до големите сили

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се спротивстави на мешањето на САД, Русија и Франција во судирите околу Нагорно-Карабах.

Тоа следи откако трите земји ги повикаа Ерменија и Азербејџан на продолжување на преговорите.

„ Со оглед на тоа дека САД, Русија и Франција го занемаруваа овој проблем речиси 30 години, не е прифатливо да учествуваат во напорите да се постигне прекин на огнот“ рекол Ердоган.

Тој нагласил дека трајно примирје може да се постигне само ако „ерменските окупатори“ се повлечат од Нагорно-Карабах.

Претседателите на САД, Русија и Франција ги повикаа денеска Ерменија и Азербејџан да ги продолжат без предуслови преговорите за судирите во регионот Нагорно Карабах.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Русија: Украински дрон ја погоди најголемата нуклеарна централа во Европа

Тројца мртви во американски напад врз брод за кој имало сомнеж дека шверцува дрога во Пацификот

Нападната воена база во Кувајт, ранети американски војници