Утрински Весник
Македонија

Димитров на видео-конференција со еврокомесарот Вархеји и колегите од регионот

Димитров на видео-конференција со еврокомесарот Вархеји и колегите од регионот
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров попладнево учествуваше на работен видео-конференциски состанок со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархеји на кој со колегите министри за европски прашања од регионот разговараа за подготовката на Економскиот и инвестициски план наменет за земјите од Западен Балкан, најавен на Самитот во Загреб во мај оваа година.

Вицепремиерот Димитров истакна дека новиот економско-инвестициски план не е само значаен за побрзо надминување на јазот помеѓу економиите на Западниот Балкан и економиите на земјите членки на ЕУ, туку претставува и значајна алатка за поддршка на процесот на пристапување.

„ Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан е исклучителна можност заеднички да се фокусираме на проекти кои директно ќе создадат долгорочен раст, зголемување на бројот на работни места и дигитална, зелена и иновативна трансформација на економиите од Западниот Балкан, која сите земји ќе ги направи привлечни за сериозни инвестиции од Европската Унија. Немаме луксуз да ја испуштиме оваа прилика и Владата на Северна Македонија ќе направи сѐ за успешно искористување на можноста“ потенцираше Димитров, притоа нагласувајќи дека со овој економско-инвестициски план Унијата ја покажа својата непоколеблива поддршка за земјите од регионот и својата посветеност на меѓународната соработка и координација, во време кога и самата е соочена со голем број на предизвици” рече Димитров.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ВЛЕН: За сала од 50 илјади евра, Таравари потроши 750 илјади евра народни пари

Богдановиќ обвини дека во СДСМ има србофобија, од Бихаќка му вратија дека ја предал партијата за пари

Филипче со честитка за Католички Божиќ: Да создадеме трајни вредности за идните генерации