Утрински Весник
Економија

H&M казнет со 35 милиони евра поради шпионирање на вработени во Германија

H&M казнет со 35 милиони евра поради шпионирање на вработени во Германија

Германски правобранител го казни шведскиот моден ланец H&M со 35,3 милиони евра за собирање податоци од приватниот живот на вработените.

„Надзорот бил насочен кон неколку стотици вработени кои работеле во сервисен центар во баварскиот град Нирнберг“, се вели во соопштението на хамбуршката комисија за заштита на податоците и слобода на информациите.

Уште од 2014 година, раководството на H&M во Нирнберг собирало голема количина податоци за приватните животни околности на вработените, вклучувајќи здравствени дијагнози, семејни проблеми и верски убедувања. Деталите често биле евидентирани и дигитално чувани во систем, односно биле достапни на најмалку 50 други менаџери во компанијата, соопштено е во рамки на истрагата.

H&M објави дека инцидентот открил практики за обработка на приватни податоци на вработените, кои не биле во согласност со упатствата и инструкциите на компанијата.

Компанијата во соопштението им се извини на вработените и објави дека ќе ја анализира одлуката на хамбуршкиот правобранител.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

ДПМНЕ ги одби амандманите на Левица за заштита на планините, планинска безбедност и развој на спортот

ВМРО-ДПМНЕ: Банкарскиот сектор во Македонија е безбеден, а политички банкротираната СДС и антимакедонецот Филипче мораме да ги разочараме

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси