Утрински Весник
Македонија

Едно лице загина во сообраќајка меѓу мотор и машина за сечење дрва во Ченто

Овчар загина од удар на гром во светиниколско
Dik 300x250 mk

Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случила вчера вечер во скопската населба Ченто. Според информациите на МВР, во несреќата учествувале мотор и машина за сечење дрва.

„Во 19.20 часот било пријавено дека на крстосница од улица Алија Авдовиќ и улица Христофер Жефаровиќ во Скопје се случила сообраќајна незгода во која учествувале работна машина за сечење дрва, управувана од С.С.(65) од Скопје и мотоцикл ‘бе-ем-ве’, со швајцарски национални ознаки, управуван од Р.Ш.(29) од Скопје. На местото на незгодата починал С.С., а со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, соопшти МВР.

Со телесни повреди се здобил 16-годишен сопатник од работната машина, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на незгодата од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Зајкова бара итни законски измени: Животот на пациентите не смее да зависи од бирократија

Се бара притвор за разбојник од Маџари

Заменик министерот на МВР: Нула толеранција за говор на омраза кон Албанците