Како никој да не разбира колку е тенка границата помеѓу воениот конфликт и мировното решение, изјави германската канцеларка Ангела Меркел во Бундестагот.
Тоа го изјави по повод зголемените тензии во источниот Медитеран меѓу Турција и Грција и Турција и Кипар.
Пред денешниот самит на ЕУ со Турција, Меркел се осврна на поплаките за кршење на човековите права во Турција, но не пропушти да и оддаде признае на официјална Анкара за спектакуларните и забележителни заслуги за време на бегалската криза во земјата која и самата има 4 милиони бегалци, повеќе од сите други земји во светот“, објави грчката агенција АНА.
„Во секоја пригода мора да ги редефинираме нашите односи со Турција и да инсистираме на соработка за сите важни, заеднички проблеми и отворени прашања“, истакна германската канцеларка Ангела Меркел.