Утрински Весник
Свет

Премиерот на Ерменија: За конфликтот во Нагорно-Карабах нема воено решение

Премиерот на Ерменија: За конфликтот во Нагорно-Карабах нема воено решение

Премиерот на Ерменија, Никол Пашињан изјави дека за конфликтот во Нагорно-Карабах нема воено решение. Пашињан за телевизијата Русија 1 рекол дека за спорот околу таа територија, која во 1990-те години прогласила независност од Азербејџан и во која Ерменците се мнозински народ, решението треба да се бара во преговорите под покровителство на копретседавачите на Минската група на ОБСЕ.

Тој вели дека на таквите преговори им е потребна „соодветна атмосфера“, пренесе ерменската новинска агенција „Армен прес“.

„ Според нас преговорите треба да продолжат со точката со која почнаа. Тоа е форматот на копретседавачката Минска група“ рекол Пашињан, но додал дека за преговорите е тешко да се зборува кога се во тек воени операции.

Затоа, како што додал, пред се треба да се спречи насилството.

„ Азербејџан би требало да признае дека конфликтот во Нагорно-Карабах нема воено решение. Не започна со ништо. Долго време, азербејџанската влада спроведуваше анти-ерменска пропаганда и долго време се закануваше дека, спротивно на сите меѓународни повици, планира да го реши насилно проблемот со Нагорно Карабах“, нагласи Пашинијан.

Тој додаде дека се надева дека сега, кога, како што рече, не успеа да ги спроведе плановите на неговото воено раководство, Азербејџан ќе сфати дека конфликтот во Нагорно Карабах нема воено решение.

Претставниците на земјите од колективното претседателство на Минската група – Франција, Русија и Соединетите држави – вчера го повторија апелот на копретседателите на сите страни веднаш да ги запрат непријателствата и да ги продолжат преговорите со цел да се најде одржливо решение за конфликтот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Обилни снежни врнежи во Турција: Затворени училишта и спасени стотици граѓани

ЕК: ЕУ останува цврсто посветена на итно искоренување на насилството врз жените

Анкета: Повеќето Американци се задоволни од победата и потезите на Трамп при трансферот на власта