Утрински Весник
Македонија

Царовска: Пандемијата го забрзува процесот на модернизација на образовниот систем

Царовска: Пандемијата го забрзува процесот на модернизација на образовниот систем
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Министерката за образование и наука, Мила Царовска, денес имаше координативен онлајн состанок со над 200 директори од основни и средни училишта во државата. На состанокот се разговараше за сите актуелни прашања и за организираноста за стартот на учебната година во услови на пандемија.

Министерката во разговор со директорите истакна дека пандемијата го забрза процесот на дигитализација и воспоставувањето на онлајн платформата, но го забрзува и целиот процес на модернизација на образовниот систем.

Царовска истакна дека за првпат државата создава еден ваков сложен онлајн систем за исклучително краток рок и секако дека ќе има предизвици коишто заеднички ќе се надминуваат.

„Платформата ја правиме не само за да ја надминеме ковид состојбата, туку и за да биде поддршка и понатаму во наставата. Предизвици ќе има, но најважно е сите да покажеме грижа кон учениците и да ја започнеме наставата на први октомври“, рече Царовска.

Од МОН најавија дека редовната координација на министерката со директорите продолжува и во наредниот период, со цел да се надминуваат предизвиците и да се обезбеди непречена настава во време на пандемија.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ГП Евзони (Богородица) затворен за сообраќај на сите видови возила

Објавен првиот „Македонски етимолошки речник“, издание на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“

Заврши реконструкцијата на ГАК вредна 110 милиони денари, на Клиниката годинава родени над 4 000 бебиња