Утрински Весник
Македонија

Костадинов: По примерот со казната за Јанкулоска да завладее правдата во Северна Македонија

Костадинов: По примерот со казната за Јанкулоска да завладее правдата во Северна Македонија

Надлежните институции да ги расветлат сите случаи коишто се во тек и секако конечно по примерот и со Гордана Јанкуловска да завладее правдата и правото во Република Северна Македонија, порача портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов. Тој од новинарите беше запрашан за коментар за почетокот од издржувањето на казната на екс-министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска за случајот “Тенк”, како и за очекувањата за завршницата на другите случаи кои своевремено ги отвори СЈО.

„Ние апелираме до сите надлежни иституции она што беше до нас како пратеници, како парламент да придонесеме во однос на реформите во правосудството со самото носење на Закон за ЈО, со сите идни реформи коишто ги планираме во однос на правосудството, апелираме до надлежните институции да ги расветлат сите случаи коишто се во тек и секако конечно по примерот и со Гордана Јанкуловска да завладее правдата и правото во Република Северна Македонија. Само на тој начин со бескомпромисна борба против криминалот, против корупцијата, со сериозна борба против криминалците особено против оние коишто 11 години ја тероризираа државата, ќе ја вратиме довербата на граѓаните и во правосудството. но најважно довербата на граѓаните во државата и во институциите“, рече Костадинов.

Во однос на обвинувањата на опозицијата дека станува збор за политички реваншизам и политички пресметки со неистомислениците, Костадинов вели дека политичарите не треба да се мешаат во одлуките на правосудните органи.

„Не очекувам ништо од опозициската ВМРО-ДПМНЕ којашто единствено нешто за коешто се грижи е спас за криминалот и криминалците што сеуште ги имаат , а тоа можевме да го видиме и со последните случувања и ангажирање на луѓе во Извршниот Комитет, не можам да очекувам од такви луѓе да застанат и да го поддржат правото и правдата. Од ВМРО-ДПМНЕ единствено нешто коешто го гледаме, а сведок е целата македонска јавност дека навистина единственото нешто за коешто се грижат првично е спас на фотељата на Христијан Мицкоски внатре во партијата и секако спас за криминалот и криминалците. Таа борба на ВМРО-ДПМНЕ во блокирање на владеењето на правната држава со сигурност можам да ве уверам дека ќе биде неуспешна“, додаде Костадинов.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор