Утрински Весник
Македонија

Дождливо и ветровито со температура до 25 степени

Променливо облачно со пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со умерен до засилен ветер од западен и северозападен правец. На места врнежите ќе бидат од пороен карактер проследени со грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 21 степен.

Од среда следува период на стабилно време со пониски утрински температури. Во деновите од викендот ќе дува засилен југоисточен ветер и преку денот ќе биде значително потопло.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Влада: Обезбедени се 50 милиони денари за новите средношколци во дуално образование

Посета на Началникот на Генералштабот на Армијата на Кралската Воена Академија Сандхрст

Денови на македонската фотографија 2025 во КИЦ-Скопје