Утрински Весник
Магазин

Том Хенкс финансиски помогнал да се снимат некои од иконските сцени на „Форест Гамп“

Том Хенкс финансиски помогнал да се снимат некои од иконските сцени на „Форест Гамп“

Во Холивуд е познат по тоа дека е многу добар човек, приземен и секогаш пристоен, а најново, дека е и дарежлив, откако откри  дека платил дел од трошоците за продукција на култниот „Форест Гамп“ од својот џеб.

Омилениот холивудски актер, режисер и продуцент Том Хенкс откри дека помогнал да се плати скапото патување на главниот лик низ целата земја откако режисерот на филмот од 1994 година, Роберт Земекис, го замолил да ги подели трошоците со него.

Во разговор со новинарот Грејм Бејсинџер (In Depth), Хенкс се присети: „Режисерот рече: Ова патување ќе чини икс сума долари. И тоа не беше ефтино. Му одговорив : Добро. Тој додаде: Јас и ти ќе ја поделиме таа сума.“

„Ние ќе ви ги вратиме парите, но вие момци [Парамаунт] ќе мора да ги споделите и профитите, а студиото одговори: „Одлично. Договорено!“ раскажува Хенкс. „Тоа беше добро и за нас,“ рече тој.

Хенкс, исто така, помогнал во трошоците за осигурување.

„Тие рекоа: Временските услови се такви што не можеме да обезбедиме осигурително покритие. Значи, вие момци не можете да снимате. Боб [Роберт Земекис] и јас им рековме: Ние ќе го покриеме осигурувањето. И тоа го сторивме.“

„Форест Гамп“, филмска адаптација на истоимениот роман на Винстон Грум од 1986 година, освои шест „Оскари“ во најважните категории и три „Златни глобуси“. Комичната драма, сторија за млад човек со умствена попреченост, кој се издигнува над животот, се смета за класика на современата филмографија.

 

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста