Утрински Весник
Македонија

Малолетник од Струмица осомничен за 13 тешки кражби и разбојништва

Струмичката полиција до надлежното Основно јавно обвинителство ќе поднесе пријава против 13-годишник од Струмица, поради сомнение дека извршил 13 кривични дела – тешки кражби, кражби, разбојништва и одземање на моторни возила и велосипеди, извршени во Струмица, Радовиш и во Кочани.

Малолетникот кривичните дела, за кои се обезбедени и материјални докази, ги направил во последните два месеца.

Тој бил повикан во полициска станица и со него е извршен службен разговор, а по комплетно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок до надлежното Јавно обвинителство.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

ОЈО поднесе обвинение за кражба на кабли од кругот на скопска „Железара“

Деветти ден штрајк со глад, Јанков повторно хоспитализиран

Радио Слободна Европа го гаси македонскиот сервис по 25 години работа