Утрински Весник
Македонија

Гир: MВР е клучна институција во борбата против криминалот и проблемот со миграцијата

Гир: MВР е клучна институција во борбата против криминалот и проблемот со миграцијата

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска оствари средба со амбасадорот на Делегацијата на ЕУ, Дејвид Гир.

Како што информираат од министерството, Спасовски му честитал на амбасадорот Дејвид Гир за преземањето на функцијата шеф на делегацијата на ЕУ и му се заблагодарил за поддршката во процесот на приближување на државата кон ЕУ.

Министерот потенцирал дека реформите во безбедносните служби со помош на ЕУ и САД помогнале да се формираат модерни служби, кои работат за доброто на граѓаните.

„Во наредниот период нашите активности ќе бидат насочени кон јакнење на капацитетите на полициските службеници и јакнење на меѓуграничната соработка“, уверил Спасовски.

Амбасадорот Гир ги поздравил направените реформи и ја истакнал важноста и одговорноста која ја има МВР како институција за борба против организираниот криминал.

Тој нагласил дека е важно јакнењето на натамошната соработка во областите кои претставуваат заеднички приоритети, како што се борбата против оргинизираниот криминал, компјутерскиот криминал и проблемот со миграцијата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

МНР со апел до македонските граѓани да избегнуваат патувања кон Блискиот Исток

Таравари: Разочаран сум што ВРЕДИ од прекрасен проект се претвори во неуспешен обид

Отпад гореше во близина на Куманово, црн чад го прекри градот