Утрински Весник
Македонија

Полициски синдикат: Нападот врз полицајци е напад и врз државата, мора да се заострат казните

Полициски синдикат: Нападот врз полицајци е напад и врз државата, мора да се заострат казните
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Македонскиот полициски синдикат најостро го осудува вчерашниот настан, кога група дрвокрадци ја нападнале полициската патрола од пет полициски службеници кај селото Степанци, во општина Чашка, при што со полициските службеници се здобиле со повреди.

„Македонскиот полициски синдикат во континуитет работи и сериозно се залага за тоа да се документираат и да се профилираат сите напади врз полициските службеници при вршење на работните задачи и притоа да се идентификуваат евентуално системски недостатоци, во контекст на отстранување недостатоци во системот на заштита на нашите колеги“, се наведува во соопштението.

Од полицискиот синдикат велат дека трендот на напади врз полициски службеници само затоа што професионално си ги извршуваат работните обврски и задачи, спроведувајќи го законот, мора да запре.

„Стоиме цврсто на ставот дека секој напад врз полициски службеник, односно какво било девијантно однесување кон пред луѓето, кои секојдневно се грижат за безбедноста, редот и мирот во нашата држава, на индиректен начин претставува напад врз Република Северна Македионија“, стои во соопштението.

Од синдикатот воедно ги повикуваат правосудните органи да почнат да ги процесуираат нападите врз полициските службеници во најбрз можен временски рок, а притоа паралелно да се заостри казнената политика, со цел елиминирање на појавата на напади врз полициски службеници.

Преку соопштението исто така се охрабруваат полициските службеници да ги пријават сите вербални или физички напади врз нив и да не потклекнуваат на какви било притисоци.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

„Стоп за Усје“ ги објави барањата за чист воздух и транспарентност на загадувањето

Во Кочани се одржа 35. „Марш за ангелите“ во чест на загинатите во дискотеката „Пулс“

„Силјан” конечно „слетува” на црвен тепих во Скопје