Утрински Весник
Свет

Милион евра пронајдени во автомобил на уапсен директор во Хрватска

Милион евра пронајдени во автомобил на уапсен директор во Хрватска
Dik 300x250 mk

Околу милион евра открила полицијата во автомобил кој се поврзува со Драган Ковачевиќ, неодамна уапсениот шеф на компанијата „Јадрански нафтовод“ (Јанаф).

Според загрепската ТВ Н1м, која се повикува на неофицијални информации потврдени од повеќе извори, се наведува дека милион евра биле пронајдени во автомобил кој се поврзува директно со Драган Ковачевиќ, а бил паркиран во Самобор.

Автомобилот бил паркиран на адреса на еден од познаниците на неодамна уапсениот директор на „Јанаф“.

Н1 неофицијално дознава дека се верува оти оваа сума на пари е токму делот од митото што го примил Ковачевиќ, но ниту полицијата, ниту Канцеларијата за сузбивање на корупција и криминал (УСКОК) не сакале да ја потврдат оваа информација.

Според неофицијални информации од претходно, Ковачевиќ ден порано дознал дека ќе биде уапсен, па се обидел да ги прикрие доказите.

„Јутарњи лист“ пренесува дека Ковачевиќ го замолил својот познаник Деан Шпаравац, еден од директорите на компанијата „Алфа стан“, да му дозволи да го паркира својот автомобил во гаражата на неговата вила во Самобор.

Во тој автомобил, наводно и била пронајдена големата сума пари во разни валути, во вкупен износ од околу еден милион евра, како и документацијата што Ковачевиќ сакал да ја сокрие.

Шефот на „Јадрански нафтовод“, Драган Ковачевиќ, неодамна беше уапсен заедно со уште десет лица, под сомнение дека бил дел од корупциски скандал што ја тресеше Хрватска последните денови.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Австралија ќе им обезбеди на жителите три часа бесплатна сончева енергија дневно

Украина ќе произведува оружје во Берлин и во Копенхаген

Италија го повика рускиот амбасадор поради изјавите на Захарова за кулата во Рим