Утрински Весник
Политички Партии

Левица: Две години нема информации како се трошат парите во Министерството за образование

Левица: Две години нема информации како се трошат парите во Министерството за образование

Деталниот буџет на Министерството за образование и наука (МОН) не е достапен на официјалната страница, реагираат од партијата Левица.

Како што објаснуваат од таму, последниот буџет кој е достапен е оној од 2018 година, додека за 2019 и 2020 година не постојат јавно објавени и достапни информации за тоа како се трошат парите во МОН.

Од партијата укажуваат и на проблемот дека само на шест работни дена до почетокот на учебната година, наставниците и учениците не знаат по кои нови учебници ќе се одвива наставата по странски јазици во целото основно образование.

Објаснувајќи дека треба да се изврши набавка на нови учебници за странски јазици за сите осум одделенија од Левица укажуваат дека Министерството за таа цел би требало да потроши околу милион и 120 илјади евра.

„Во Македонија во просек има по околу 20 илјади ученици во секое од одделенијата на основното образование. Ако се земе дека еден учебник ќе чини во просек 7 евра, односно набавка на учебник за странски јазик за едно одделение за сите училишта ќе чини 140 илјади евра, за сите одделенија ќе се излеат оваа година околу 1 милион и 120 илјади евра“, стои во партиското соопштение во кое се додава дека подобро би било да се користат ланските учебници кои во голем број ќе се ротираат помеѓу учениците од различните одделенија.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт