Утрински Весник
Македонија

Општина Бутел отвори Јавен повик за субвенционирање на велосипеди и електрични тротинети

Butel 777 (custom)

Од денес Четврток 24.09.2020 година во општина Бутел е отворен Јавен повик за субвенционирање на велосипеди и електрични тротинети. Општина Бутел очекува   голема заинтересираност од   жителите  и  токму затоа   општината   го   субвенционира   секој   купен   велосипед   со   50%   од вкупниот износ на новиот купен велосипед или максимум 3000 денари од цената,  или   доколку   се   одлучат   жителите   на   општина   Бутел   да   купат електричен тротинет тогаш сумата која ќе ја субвенционира општината е 3000 денари за секој купен електричен тротинет. Сите   заинтересирани  граѓани   на   општина   Бутел   можат   да   го   видатЈавниот   повик   за   субвенционирање   кој   е   објавен   на   веб   страната   на Општина Бутел http://www.opstinabutel.gov.mk и на Огласната табла во општината, а доколку сакаат да aплицираат   ќе   треба   да   ги   достават   своите   документи   до   архивата  на општина Бутел секој работен ден од 08:00 до 16:30 часот. Во овој Јавен повик ќе важи правилото ,,прв дојде прв услужен,,

Со овој потег се стимулираат бутелчани активно да користат велосипедиили   електрични   тротинети   со   што   ќе   придонесат   за   намалување   назагаденоста на амбиенталниот воздух, а со самото тоа ќе придонесат за заштита на животната средина.

 

Можете да прочитате

Јован и Лилјана се годинешните младенци, кои ќе прават Галичка свадба

Поднесено обвинение против директорот на „Геријатрија“ за примање поткуп од 20.000 евра

Со дополнителни даноци за немажени и неженети и со читанки каде пишува „Јас, мама, тато, дада и бато“ Мицкоски ќе се справува со демографската криза