Утрински Весник
Култура

Утре во Прилеп изложба на прилепските уметници во Центарот за култура

Утре во Прилеп изложба на прилепските уметници во Центарот за култура
300x250 (7)

Утре со почеток во 20 часот, членовите на Друштвото на ликовни уметници на Прилеп (ДЛУП) на прилепската јавност ќе и ги презентираат делата од годинешната заедничка поставка, кои ќе бидат изложени во ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков“.

„Во најтешките ситуации како што е оваа, каде што за да се одржува духот на човекот неопходно е да се присетиме на убавите работи и моменти, со кој ќе го потхраниме духовниот порив и полесно ќе го надминеме овој период. Еден од тие начини е уметноста која ја создаваат Друштвото на Ликовни уметници на Прилеп. Во „тишина“ ќе чуете и погледнете илјада зборови, кои ќе ви раскажат преубави приказни за делата и за уметниците“ вели Методи Исков, претседател на ДЛУП.

300x250 (7)

Делата кои се изработени во повеќе техники ќе ги изразат емоциите на уметниците кои продолжуваат да создаваат и во време на пандемија.

Извор: meta.mk

Ss1

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“