Утрински Весник
Македонија

(Видео) Во Визбегово пронајдена мини лабораторија за масло од канабис, уапсени три лица

(Видео) Во Визбегово пронајдена мини лабораторија за масло од канабис, уапсени три лица

Попладнево околу 15 часот, Единицата за недозволена трговија со дрога извршила претреси во скопско Визбегово при што пронајдена била мини лабораторија за производство на масло од канабис, информираат од МВР.

Претресите биле спроведени во домот и други простории на 38-годишниот И.П., при што во дворното место пронајдени биле стебла од марихуана во осум саксии и други 12 стебла, од кои дел биле во помошните простории во фаза на сушење, а пронајдена била и мини лабараторијата за производство на масло.

При тоа затекнати биле и две други лица од кои едното П. В. (38), кој бил затекнат при обработка на марихуаната, како и Г.Ј. (39).

Потоа биле извршени претреси и во домот на 39-годишникот, при што била пронајдена марихуана подготвена за продажба, како и шприцеви полни со масло од канабис.

Трите лица се приведени.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Петмина повредени во сообраќајна несреќа на патот Кичево – Осломеј

Четири креативни работилници за деца, Саем на книга и доделување на наградите на „Литера 2024“

АПЕЛИРАМЕ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ: Денес доцна попладне и навечер, како и во текот на ноќта кон недела, локално по силно невреме во Македонија