Утрински Весник
Македонија

Скопјанец приведен поради трговија со оружје и дрога

Млад скопјанец осомничен дека криел оружје и дрога во бункери во Бутел
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопската полиција минатиот петок (18 септември) уапсила извесен Р.Ј., за кој Единицата за недозволена трговија имала поднесена кривична пријава под сомнение за сотрени кривични дела „недозволено изработување, држење и тргување со оружје“ и „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги“.

На први мај годинава, по претходно добиена судска наредба, полицијата извршила претрес на дом и други простории и во пошироката околина помеѓу улиците „Алпи“ и „Коце Металец“ биле пронајдени: автоматско оружје со навој на пригушувач, две рамки со 34 куршуми калибар 7,65 мм и пригушувач, две автоматски пушки, полуавтоматска пушка „Берета“ со празна рамка и рамка за автоматска пушка со 18 куршуми, автоматско оружје со навој за пригушувач, пригушувач и рамка со 20 куршуми, како и пет пакувања со 2.382 грама хероин.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

ГП Евзони (Богородица) затворен за сообраќај на сите видови возила

Објавен првиот „Македонски етимолошки речник“, издание на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“

Заврши реконструкцијата на ГАК вредна 110 милиони денари, на Клиниката годинава родени над 4 000 бебиња