Утрински Весник
Свет

Повторно повеќе од 200 новозаболени во Хрватска

Повторно повеќе од 200 новозаболени во Хрватска

Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 232 новозаболени лица и четири починати пациенти, објави Националниот штаб за цивилна заштита.

Тестирани се 5.351 лице.

Бројот на активни случаи во Хрватска е 1.200.

Меѓу нив, 266 пациенти се во болница, од кои 24 се на апарати за дишење.

Од почетокот на епидемијата во Хрватска заразени се 15.572 лица, од кои 261 починаа. Вкупно закрепнаа 14.111 лица.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Иран нападна цели поврзани со американските сили како одговор на американскиот напад

Трамп го претстави специјалниот пасош со својот лик

Повеќе од 900 загинати и над 50.000 исчезнати во Венецуела