Утрински Весник
Македонија

Засилени сообраќајни контроли во Штип: 50 казни за еден час

Засилени сообраќајни контроли во Штип:  50 казни за еден час

Министерството за внатрешни работи покрај на територијата на главниот град Скопје, почна со спроведување на засилени акциски контроли за санкционирање на непочитувањето на сообраќајните правила и прописи и во другите градови, меѓу кои и Штип, соопшти портпаролот на МВР Тони Ангеловски на денешната прес конференција во Штип.

„ Се санкционираат сите сообраќајни прекршоци, а особено оние кои што се најчеста причина за сообраќајни незгоди со тешки последици, како што се управувањето на возило под дејство на алкохол, возење со брзина над дозволената, недавањето првенство на минување на возила и пешаци и сл.,а се санкционираат и возачите на мотори кои не ги почитуваат правилата“, рече Ангеловски.

Портпаролот на МВР апелираше до граѓаните на Штип да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

„ Само за еден час во денешната акциска контрола во Штип изречени се педесетина санкции, пред се за пречекорена брзина, нерегистрирани возила, возење без возачка дозвола… “, соопшти Ангеловски, кој потенцира дека акциските контроли продолжуваат и во наредните денови, а целосните податоци од денешната засилена акциска контрола ќе бидат презентирани утре.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Полициска акција во Скопје: Еден мотоциклист лишен од слобода за безобѕирно возење

На почеток на сезоната се копа во срцето на Охрид

ВЛЕН: Кој од ДУИ денес има интерес, и колку е платен, за да брани босанска фирма која со години не градела ништо, а чинела милиони?