Утрински Весник
Свет

Кина се обврза на поодлучна акција против климатските промени

Кина се обврза на поодлучна акција против климатските промени

Кинескиот претседател Шји Џјинпинг вети голема кампања против климатските промени и пред Генералното собрание на Обединетите нации рече дека неговата земја сака да стане климатски неутрална пред 2060 година.

„Нашата цел е да ги достигнеме максималните емисии на јаглерод диоксид пред 2030 година и да постигнеме јаглеродна неутралност пред 2060 година“, рече кинескиот лидер.

Ова е прва кинеска цел кон климатска неутралност.

Минатата недела Европската Унија ја повика Кина, најголемиот светски емитент на јаглерод диоксид, да ја насочи климатската неутралност идеално кон 2050 година, или најдоцна до 2060 година.

Досега Кина објави само дека емисијата на штетни гасови ќе достигне врв околу 2030 година, согласно договорот за климата од Париз. Сепак, многумина очекуваа Кина да ги ограничи емисиите порано, а ЕУ го повика Пекинг да го стори тоа до 2025 година.

Климатска неутралност подразбира употребата на енергија и примена на активности кои не влијаат на концентрацијата на јаглерод диоксид во атмосферата, а со тоа не ѝ наштетуваат на климата.

Кси се обврза дека Кина ќе ги зголеми своите национални придонеси за исполнување на Парискиот договор со воведување посилни мерки.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Ваделе органи од луѓе, па ги продавале во странство – екс заменик министер за здравство на Украина вмешан во мрежата

Масовно затворање на пабовите во Англија и Велс

Според Кремљ самитот за Украина дал „нула“ резултати