Утрински Весник
Македонија

Родителите кои беа ослободени со мерките и хронично болните се враќаат на работа

Родителите кои беа ослободени со мерките и хронично болните се враќаат на работа

Од денеска, со одлука на Владата, дел од групите кои целосно беа ослободени од работа поради состојбата со коронавирусот, се враќаат на своите работни места.

Меѓу нив се родителите чии деца се до шестгодишна возраст. Од Владата образложија дека со оглед на тоа што детските градинки почнаа со активности за згрижување и воспитание на деца од 9 септември, престанува користењето на мерката.

Родителите чии деца од шест до 10-годишна возраст се вклучени во воспитно-образовниот процес во училиште, почнувајќи од денеска се враќаат на своите работни места и на редовно извршување на работните задачи.

Мерката престана да важи и за мајките кои беа ослободени од работа врз основа на користење продолжено породилно отсуство.

За хронично болните, Владата пред две недели одлучи дека не се враќаат оние за кои лекар специјалист ќе процени дека треба да останат дома.

Хронично болните пациенти имаа рок до денеска да посетат специјалист за што беа пуштени дополнителни термини во „Мој Термин“ и е-амбуланта. По потреба рокот ќе биде пролонгиран.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Таравари: Има информации за мала концентрација формалдехид во салите, но, официјално сѐ уште немаме ништо добиено

Затвореник од Идризово излегол на викенд и се обидел да ограби спортска обложувачница во Центар

Митева: Лотарија на две фирми, едната од Струмица, другата од Скопје незаконски им доделила лиценци за игри на среќа