По повод „Светскиот ден без автомобили“, Општина Бутел и градоначалникот Велимир Смилевски денес се приклучија во одбележување на овој спортски настан.
Во рамките на оваа манифестација учество земаа повеке од 100 ученика од основните училишта на Општина Бутел ликовни наставници, вработени од детските градинки, како и граѓани на Општина Бутел. Стратот на настанот отпочна од новиот булевар „Христијан Тодорвски Карпош“ со почеток во 10,30часот. Велосипедистите се движеа по велосипедската патека на новиот булевар „Христијан Тодорвски Карпош“ и во обратен правец на булеварот до подвозникот.
На овој настан градоначалникот Велимир Смилевски упати апел до сите жители, автомобилите да се користат одговорно, ова се денови кога улиците треба да бидат полни со велосипеди и луѓе. Во таа насока општината деновиве ќе објави јавен повик за надоместување на дел од трошоците за купување на велосипед или електричен тротинет за граѓаните на Општина Бутел, со тоа покажуваме континуитет во работењето за промоцијата на употребата на алтернативни превозни средства, чија предност, за разлика од автомобилите, е намалување на метежот во сообраќајот и загадувањето на животната средината.