Утрински Весник
Македонија

Крушевските средношколци со иницијатива утре да не се користат автомобили

Крушевските средношколци со иницијатива утре да не се користат автомобили

Крушевските средношколци од училиштето „Наум Наумовски Борче“ испраќаат апел до сите граѓани и туристи во Крушево, утре да се приклучат кон одбележување на Светскиот ден без автомобили, така што нема да ги користат своите возила.

„Како ученичка заедница на средношколци повикуваме да се приклучите и да дадете свој придонес, со тоа што не би ги користеле вашите автомобили, доколку не ви е неопходно или не ви претставува потреба. Ќе ве пречекаме, изутрина, на главната улица со цел да ја поттикнеме нашата заедничка еколошка свест, за почисто Крушево“, стои во апелот на крушевските средношколци, објавен на „Фејсбук“ страницата на крушевското средно училиште.

Оваа активност на средношколците веќе доби поддршка од градоначалникот Томе Христоски, Општина Крушево и други институции.

Инаку, 22 Септември се одбележува како Меѓународен ден без автомобили веќе неколку години наназад во нашата земја од страна на повеќето општини.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Кузеска: Непотизам – братот на Трајко Славески од чувар до функционер, М-НАВ е како комитет на ВМРО

Професор Димов: Иловица има потенцијал што Европа веќе знае како да го развива 

Приведени 64 возачи изминатиот викенд, 1.426 сообраќајни прекршоци