Утрински Весник
Македонија

Маричиќ – Брегу: Добрата регионална соработка подразбира ширење на духот на европските вредности

Маричиќ – Брегу: Добрата регионална соработка подразбира ширење на духот на европските вредности

Министерот за правда Бојан Маричиќ имаше средба со генералната секретарка на Советот за регионална соработка (RCC), Мајлинда Брегу, која во моментот е во работна посета на земјава.

На средбата, Маричиќ истакна дека добрата регионална соработка е суштинска за ширење на духот на европските вредности и практики, за динамична европеизација на регионот, а дека во тој поглед, Советот за регионална соработка е значаен за воспоставување и негување на добрата соработка во регионот.

Министерот Маричиќ потенцираше дека Република Северна Македонија е на историски пат, бидејќи наскоро се очекува официјално започнување на преговорите со ЕУ и да го отвориме Поглавјето 23: Правосудство и фундаментални права.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

СДСМ: Славески вели „сè е во ред”  со Алта банка а граѓаните не можат да дојдат до своите пари – зошто крие колку Вучиќ префрлил во Македонија?

Дождлив вторник во Македонија, врнежите ќе престануваат кон крајот на денот

Славески: Медиумите ја урнаа Алта банка