Утрински Весник
Свет

Во Иран започна третиот бран на коронавирус

Во Иран започна третиот бран на коронавирус

Третиот бран на коронавирус започна на територијата на иранската провинција Техеран, изјави шефот на иранскиот кризен штаб, Алиреза Зали.

Властите побараа од Зали повторно да воведат рестриктивни мерки.

„Во писмото до министерот за здравство побаравме повторно воведување на ограничувања со цел да се сузбие вирусот. Ова особено се однесува на работата од дома“, рече Зали, пренесува ТАСС.

Тој забележа дека поминало многу малку време помеѓу вториот и третиот бран.

Во последните денови, бројот на нови случаи на коронавирус повторно се зголеми во Иран, така што во последните три дена, дневниот број на новоинфицирани лица надмина 3.000 двапати.

На 15 јули, Иран официјално објави дека е во тек вториот бран на коронавирус.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ЕП: Минималната возраст за пристап до социјални мрежи и вештачка интелигенција треба да биде 16 години

Судија во Џорџија го отфрли случајот за мешање во изборите во 2020 година против Трамп

Најмалку 36 лица загинаа во пожарот во Хонг Конг