Мрежата „Еј-ти и Ејч-би-о“ доминираше на доделувањето на „Еми“ наградите во неделата со 30 победи, вклучително и за најдобра драма „Сукцесија“ и за лимитирана серија „Чувари“, додека „Епл“ ја однесе својата прва награда за нуркањето на производителот на „Ајфон“ во стриминг-телевизијата, објави „Ројтерс“.
Пионерот на интернетското видео „Нетфликс“, кој на церемонијата се појави со рекордни 160 номинации, освои 21 награди.
Кабелската мрежа „Поп“, во сопственост на „ВиакомСи-би-ес“, ја освои главната награда за комедија за необичната серијата Schitt’s Creek, која ги преплави категориите комедија и собра вкупно девет награди.
„Ејч-би-о“со години доминираше на „Еми“ со хитовите „Сопранови“, „Сексот и градот“ и „Игра на тронови“. Пред годинешната церемонија, таа беше најнаградувана ТВ-мрежа во17 од изминатите 18 години. Исклучок беше 2018 година, кога „Нетфликс“ и „Ејч-би-о“се изедначија со „Еми“ победи.