Утрински Весник
Спорт

Официјално: Тијаго Алкантара е нов фудбалер на Ливерпул

Официјално: Тијаго Алкантара е нов фудбалер на Ливерпул

Ливерпул и официјално потврдија дека се договориле со Баерн Минхен за трансферот на Тијаго Алкантара, откако шпанецот потпиша долгорочен договор со „црвените“ и го зеде бројот 6 во дресот. Тој е второ засилување на Ливерпул ова лето по грчкиот дефанзивец Костас Цимикас.

„Чувството е неверојатно и верувајте го чекав овој момент многу долго време. Како што минуваа годините, се обидуваш да победуваш и да победуваш уште повеќе. Мислам дека овој клуб го опишува истото и сакам да освојам многу трофеи. Секогаш сум сакал да бидам близок со мојот клуб и со соиграчите и верувам дека Ливерпул е таков клуб“, вели 29-годишниот Шпанец.

Алкантара, кој има 39 настапи за шпанската репрезентација, помина седум сезони на „Алијанц арената“, а таму пристигна од Барселона. Вкупно, тој има 9 лигашки титули, два трофеи од ЛШ во претходните клубови.

> Официјално: Тијаго Алкантара е нов фудбалер на Ливерпул <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Норвешка побара истрага од ФИФА за наградата за Трамп

ЕХФ отвори истрага за наводни расистички навреди на реваншот во Охрид

Турците доминираа од првата минута, Македонија поразена со 4:0