Утрински Весник
Спорт

Ѓоковиќ добро се испоти за 14-ти пласман во четврт-финалето во Рим

Ѓоковиќ добро се испоти за 14-ти пласман во четврт-финалето во Рим

Новак Ѓоковиќ е во своето 14-то четврт-финале на Италијанскиот опен во 14-ти настап, откако со 7:6(7)/6:3 го совлада својот сонародник Филип Крајиновиќ

Во првиот сет, Крајиновиќ му создаде многу проблеми на својот славен сонародник, со кого разменија брејкови, пред во тај-брејкот да ја покаже силата, враќајќи се од 4:1 негатива да победи со 7:5 по час и 27 минути. Во вториот сет, попушти концентрацијата на Крајиновиќ и Ѓоковиќ со два брејка го продолжи совршениот скор во третото коло во Рим.

Следен противник ќе му биде подобриот од дуелот на 18-годишната италијанска сензација Лоренцо Мусети и Германецот Доминик Кефер.

> Ѓоковиќ добро се испоти за 14-ти пласман во четврт-финалето во Рим <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Норвешка побара истрага од ФИФА за наградата за Трамп

ЕХФ отвори истрага за наводни расистички навреди на реваншот во Охрид

Турците доминираа од првата минута, Македонија поразена со 4:0