Утрински Весник
Спорт

„Засилувања? Не сакам да шпекулирам“

„Засилувања? Не сакам да шпекулирам“

Менаџерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед Оле Гунар Солскјер не сакал да зборува за евентуалните засилувања. Во финишот на преодниот рок неколку фудбалери се поврзуваат со Манчестер Јунајтед. Досега на „Олд Треафорд“ пристигна само Дони ван де Бек од Ајакс.

Медиумите најчесто со „црвените ѓаволи“ го поврзуваа Џејдон Санчо, но тој поради цената најверојатно ќе остане само желба на клубот. Дортмунд за својот играч бараат 120.000.000 евра.

„Не можам да зборувам за фудбалерите на другите тимови, не сакам да шпекулирам. Јасно ни е дека треба да се развиваме, да напредуваме како тим, но ќе мора да видиме дали ќе можеме да донесеме уште некого. Разговарам со клупските челници, но ништо не е сигурно“, рекол Солјкер.

> „Засилувања? Не сакам да шпекулирам“ <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Реми на македонските ракометари со Австрија

ПМФЛ: Вардар и Шкендија бодовно израмнети на врвот

ФФМ усвои нов Статут и најави четиригодишна стратегија за развој на македонскиот фудбал