Утрински Весник
Македонија

Осумгодишно дете починало на пат кон болница

Осумгодишно дете починало на пат кон болница

Вчера во Градската болница Куманово со возило на Брза помош било донесено осумгодишно дете на реанимација. Детето било од Крива Паланка и без траги на насилство, соопшти МВР.

Според пријавеното, детето починало по пат во возило на Итна медицинска помош. По наредба на јавен обвинител телото е дадено на обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Бомби, пиштол и дрога најдени кај 33 годишен скопјанец

ИЈЗ до родителите: Не ја одложувајте МРП вакцината, проверете дали децата ги примиле потребните дози

ИНОВА со јавен повик за избор на организации за поддршка на претприемништвото