Палестинските власти им наложиле на муслиманските свештеници на целиот Западен Брег денеска да одржат проповед со предупредување против договорите потпишани меѓу Израел и ОАЕ и Бахреин неделава, велејќи дека овие сојузи со Евреите се велепредавство и се осудени од самиот Алах, посочува текстот преведен од мониторинг-групата „Палестиниан медија воч“.
Министерството за верски прашања на Палестинската самоуправа, кое секоја недела дистрибуира инструкции во кои се наведени идеите што треба да се проповедаат во сите џамии во Палестина, им наложи на имамите да ги повикаат арапскиот и муслиманскиот свет да го соборат договорот за понижување и велепредавство од ОАЕ и Бахреин.
Т.н. Аврамски спогодби потпишани на церемонијата во Белата куќа во понеделникот се за унапредување на културата на мирот меѓу трите аврамски религии и целото човештво.
Сепак, верниците во џамиите во Палестина беа потсетени дека „нема ништо што ѝ штети на Палестина и на нејзините свети места повеќе од сојуз со Евреите, да бидат поврзани со нив и да се потпрат на нив“.
„Послушноста кон Евреите и влечењето по нив ќе ја одведе нацијата кон слабост, беззаконие, понижување и срам“, се вели во документот.
Овие изјави беа поткрепени со цитати од Куранот, вклучувајќи ја и Сурата 2: 120, во која се вели: „И никогаш Евреите и христијаните, додека не ја прифатиш верата нивна, нема да бидат задоволни со тебе “.
Верниците биле предупредуваат дека нормализацијата на односите со ционистичкиот ентитет е велепредавство против Палестина, Ерусалим, крвта на мачениците и страдањата на затворениците, потсетувајќи ги на палестинските терористи живи и мртви.
Палестинското раководство жестоко ги критикуваше и двата договора како „убод во грбот“. Претседателот на Палестинската самоуправа, Махмуд Абас, ги опиша ОАЕ како „предавник на татковината и нашата кауза“ и рече дека нивната одлука за нормализирање на врските со Израел е „отровен бодеж“.
Палестинците се повеќе се изолираат од другите арапски нации. Во низата понижувања, Советот за соработка во Заливот (ГЦЦ) побара извинување од Абас и од Палестинската самоуправа за употребата на „неодговорен јазик на поттикнување и закани“, а Арапската лига поништи резолуција со која се осудува ОАЕ во врска со договорот со Израел.