Утрински Весник
Македонија

Заев – Чакај: Северна Македонија и Албанија немаат отворени прашања

Заев – Чакај: Северна Македонија и Албанија немаат отворени прашања

Премиерот, Зоран Заев, се сретна со Гент Чакај, министер за Европа и надворешни работи на Република Албанија, придружуван од албанскиот амбасадор во земјава, Фатос Река.

„На средбата заеднички е констатирано дека двете држави немаат отворени прашања и дека тоа отвора пат да се употреби целиот потенцијал од областите значајни за граѓаните, како што се инфраструктурата, енергетиката, економијата со цел подобрување на квалитетот на живот во двете држави. Во таа насока е разговарано и за можноста за одржување меѓувладина седница“, соопштија од Владата.

„Наша цел е европеизација на државата и економски развој. Формиравме стабилна Влада и сме насочени кон зајакнување на капацитетите на системот, посебно низ образованието и владеењето на правото. Имаме големи успеси зад нас, тоа се договорите со Бугарија и со Грција, градиме во државата „Едно општество за сите“, еднакво за сите граѓани и сето ова овозможи во овој мандат да се посветиме на напредок дома, во сите области од полза на секојдневниот живот на граѓаните“, рекол Заев.

На состанокот било констатирано дека на регионот му се потребни стабилност и засилен економски развој и дека е во заеднички интерес решавање на сите билатерални прашања низ дијалог.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Адеми: Бараме истрага за работата на безбедносните служби од 1945 наваму и проверка на потеклото на имот на сите носители на јавни функции

Тимови од Чешка и Словенија ќе го гасат пожарот на Готен, акцијата се префрла од радовишка кон беровска страна на планината

ВЛЕН: ДУИ, Левица и Арсовска го разгоруваат меѓуетничкиот оган со Ќосето