Утрински Весник
Свет

(Видео) Километарски колони на границата со Црна Гора, Србите брзаат да се вратат дома

(Видео) Километарски колони на границата со Црна Гора, Србите брзаат да се вратат дома

По апелот на Кризниот штаб српските туристи кои летуваат во Црна Гора да се вратат во својата земја до петок во 18 часот, голем број граѓани се упатија кон Србија. Затоа од раните утрински часови има голема навалица на границите со Црна Гора.

Колони автомобили има на граничниот премин Јабука, а бидејќи околу 70.000 Срби во моментов се на одмор во Црна Гора, се очекува состојбата на граничните премини да биде слична или полоша до крајот на денот.

Најголема навалица се очекува во периодот од 16 до 18 часот, до кога Кризниот штаб апелираше српските граѓани да се вратат во земјата.

„Граѓаните на Србија кои се враќаат во земјата од летните одмори од ’црвените корона-зони’, и немаат симптоми на инфекција, имаат обврска по електронски пат да се пријават во здравствениот систем, не би било добро сите да брзаат во ковид-амбулантите“, изјави епидемиологот д-р Предраг Кон, член на кризниот штаб за сузбивање на епидемијата.

Денес во 18 часот стапува на сила одлуката дека српските државјани кои се враќаат од земјите каде што голем број луѓе се заразени со коронавирусот, мора да се пријават во системот, и доколку имаат симптоми, како што се треска, губење на чувство на вкус и мирис или некој друг вид на респираторна инфекција, тие се должни да одат во ковид-амбуланта.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Зеленски верува дека војната ќе заврши во 2025 година

Путин потпиша закон за отпис на кредитни долгови за учесниците во специјалната воена операција

33.000 домаќинства во Франција останаа без струја поради невреме