Дури и ако вакцината за коронавирус е одобрена во наредните недели, тешко дека ќе биде широко достапна за јавноста до средината на следната година “, рече Роберт Редфилд, директор на Центрите за контрола и превенција на болести во САД.
Претседателот Доналд Трамп го обвини за грешка и му се потсмеваше дека е збунет.
„ Маските се најважната и најмоќната алатка што ја имаме во борбата против пандемијата. Дури и би можел да одам дотаму да кажам дека оваа маска за лице ме штити подобро од ковид отколку вакцината против ковид”, му рече Редфилд на Трамп.
На Трамп му се спротивстави и неговиот претседателски противкандидат Џо Бајден.
„ Да бидеме јасни. Верувам во вакцината, верувам во научници, но не му верувам на Доналд Трамп”, рече Бајден и додаде дека во моментов дури ни американскиот народ не може да му верува на Трамп.
Владата на САД најави дека ќе започне со дистрибуција на вакцината за Ковид-19 еден ден од добивањето на дозволата и планира можноста за ограничен број дози да биде на располагање веќе во текот на оваа година. Досега во САД починале 195.000 луѓе, повеќе отколку во која било друга земја.