Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Филипче: Со 4 милиони евра од ЕУ се обезбедува опрема во здравството и јакнење на здравствениот систем

Филипче: Со 4 милиони евра од ЕУ се обезбедува опрема во здравството и јакнење на здравствениот систем
Img 7972

Министерот за здравство, Венко Филипче, вчера се сретна со Никола Бартолини – шеф на секторот за Програми за финансиска поддршка при Делегација на Европската Унија во Скопје.

На средбата се разговараше за десет годишната стратегија за развој на здравството со поддршка на ЕУ.

„Го финализираме стратешкиот документ – 10 годишната стратегија за развој на здравството, со поддршка на Европската унија. Со ова, ќе овозможиме унапредување на здравствената заштита, поголемо вложување и стабилен здравствен сектор. Исто така, во тек е финализирање на подготвоките за ИПА 3 програмата во секторот здравство. Станува збор за акциски документ преку кој ќе се реализираат проекти, активности во областите, унапредување на здравјето на мајки и деца, електронско здравство, како и подобрување на превенција и контрола на незаразни болести“, кажа Филипче.

Со помош на ЕУ, додаде тој, се реализира проект за јакнење на здравствениот систем и брз одговор на заразни болести преку кој ќе се обезбеди опрема во вредност од околу 4 милиони евра.

Во изминатите месеци со справувањето со коронавирусот, здравствените установи во земјава од ЕУ добија 20 механички вентилатори, 20 монитори за интензивна нега, 626 сета за 31.300 тестови и близу 40.000 парчиња разна медицинска опрема, 30.000 заштитни маски за лице, 100.000 хируршки маски, 750.000 хируршки ракавици, 20.000 заштитни очила, како кислородни маски, филтри, катетри и други неопходни материјали за потребите на здравствениот сектор.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Изборен молк – гласаат затворениците, болните и немоќните, лицата во старските домови…

Ладно и облачно утро имаме во нашата Македонија, дува и северен ветер

Од вечерва почнува изборниот молк за локалните избори