Утрински Весник
Свет

Џонсон: Направени се повеќе тестови отколку во која било друга европска земја

Џонсон: Направени се повеќе тестови отколку во која било друга европска земја

Бројот на луѓе тестирани на Ковид-19 во Велика Британија е многу поголем во споредба со другите европски земји, изјави британскиот премиер Борис Џонсон.

Тој додаде дека владата работи напорно за да го зголеми бројот на тестирани.

Повеќето луѓе кои обрнуваат внимание на бројот на тестирани лица во оваа земја и на испораката на тестови низ целата нација, ќе видат дека ние стоиме исклучително добро во споредба со која било друга европска земја, рече британскиот премиер, пренесе „Ројтерс“.

„Направивме повеќе тестови од која било друга европска земја“, рече Џонсон во британскиот парламент.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Евакуација на последната болница која работи во северниот дел на Газа

Норвешка ќе го уапси Нетанјаху доколку биде распишана потерница по него

Израелскиот министер за одбрана барањата за апсење на израелските министри го смета како „напад“ врз армијата