Утрински Весник
Македонија

Пријава за момче од Јурумлери – лажно барал брза помош само за да се снима на ТикТок

Социјалната мрежа ТикТок го напушта Хонгконг

Полициската станица Центар го расчисти случајот со лажното јавување во Итна медицинска помош, кој беше сниман и објавен на апликацијата ТикТок на 13.09.2020, а беше споделен и на други социјални мрежи и против Х.К.(25) од с.Јурумлери, Скопско, ќе поднесе соодветна пријава.

„По објавувањето на видеото на апликацијата ТикТок и други социјални мрежи, беа преземени мерки и беше констатирано дека Х.К. е лицето кое се јавува во службата за Итна медицинска помош Скопје, со што постапил спротивно на Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, поточно член 16 бидејќи лажно повикувал на помош и пријавувал настан“, соопшти полицијата.

На 15.09.2020 во 16.30 часот во просториите на Полициската станица Центар бил извршен разговор со него, при што појаснил дека на 13.09.2020 околу 02.00 часот, додека бил во парк во општина Аеродром и правел видео се јавил во Итната медицинска помош и го сторил делото.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Министерството за животна средина отстапи движни ствари на повеќе општини, за потребите на училиштата вклучени во ГЛОБЕ програмата

Одреден бројот на студенти кои ќе се запишат на Воената академија во учебната 2024/2025 година

Владата да подготви информација за статусот на Нов фудбалски стадион, а општина Тетово да прекине со работите на теренот додека нема правна разврска на случајот